Тоа дека карфиолот е вистинска витаминска бомба, ни е познато на сите. Богат е со огромна количина на протеини, витамини, минерали и други корисни хранливи материи.Ова јадење е одличен начин за да ги внесете неопходните витамини!
Пробајте да го подготвите карфиолот на овој начин и ќе бидете воодушевени.
Состојки:
– главица карфиол
– 1 супена лажица масло
– 300 мл грчки јогурт
– сок од еден лимон
– 1 супена лажица ким
– 1 супена лажица истолчен лук
– 1 кафена лажица кари во прав
– 0,5 кафена лажица бибер
– 2 кафена лажица сол
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 200 степени и премачкајте ја тепсијата со масло (можете да користите и хартија за печење)
– Добро измијте го карфиолот и тргнете ги зелените ливчиња од него
– Во сад промешајте јогурт со лимонов сок, додадете ким, истолчен лук, кари, бибер и сол. Се добро промешајте
– Натопете ја главицата карфиол во подготвена маринада
– Печете во рерна 30-40 минути. Маринадата ќе направи убава крцкава кора на површината на карфиолот
– Извадете од рерна, изладете на десет минути и сервирајте со зелена салата
Пријатно јадење!Ова јадење е одличен начин за да ги внесете неопходните витамини!
Пробајте да го подготвите карфиолот на овој начин и ќе бидете воодушевени