Карлеуша доживеа нервен слом: Таа е „надвор од себе“ по дебаклот!

Карлеуша по концертот примила инфузија и апчиња за смирување. Го откажа бесплатниот концерт кој јавно го најави за вчера и не се јавува на телефон.
Се обидува да ги обвини новинарите за својот  неуспех. По фијаското кое го доживеа на Ушќе, имала нервен слом.
Па како што пренесуваат српските новинари, откако заврши концертот Карлеуша незадоволна и исцрпена отишла зад сцената. Половина час подоцна примила инфузија и лекарства за смирување. Нејзиниот сопруг и нејзината мајка не се одделувале од неа. Не се појавила на ни забавата по концертот па фановите останале разочарани.
-Јелена беше скршена. Не спиеше неколку ноќи. Пред концертот добила инфузија, но не и помогна многу, затоа што и по завршувањето брзата помош мораше да реагира. Едвај стоеше на нозе, дури и плачеше. – вели изворот.
„Не била при себе“. Многу и беше жал. Мајката, сопругот и соработниците биле покрај неа до три часот наутро, а потоа сите заедно заминале во нејзината куќа. На концерото имало големи технички проблеми- раскажува изворот.
Иако вети бесплатен концерт, таа не го одржа. Српските новинари се обиделе да стапат во контакт со неа но безуспешно.
Таа само на својот Твитер профил напиша: Наскоро снимка од воздух. Ќе замени милиони зборови. Ти благодарам армијо. Им благодарам на медиумите за анти-кампањата. Прес конференција во вторник.
Дивна: Ушче беше полно!
Мајката на Карлеуша на Фејсбук напиша: Ги читам злонамерните весници и не можам да верувам. Дали се тие свесни дека концертот беше сниман и од птичја перспектива. Ушќе беше полно. Покрај техничките проблеми концертот беше прекрасен.

Мариќ: Имаше повеќе од 30.000 луѓе.
Тој бил задолжен за организација и техничка поддршка на концертот.
-Бесплатниот концерт кој го најави Јелена нема да се одржи поради повеќе причини. Но, на нејзиниот одржан концерт немаше 10.000 луѓе туку од 25.000 до 30.000.
Пропусти на тимот на Јелена
Продукциската куќа изјавува дека немало проблем со техниката туку со тимот на Јелена.
 

 Карлеуша по концертот примила инфузија и апчиња за смирување. Го откажа бесплатниот концерт кој јавно го најави за вче

Пронајдете не на следниве мрежи: