По објавите во дел од медиумите дека менаџерот на Каролина ќе го тужи град Скопје поради откажување на новогодишната прослава на плоштад Македонија, преку социјалните мрежи се огласи лично пејачката.-Би сакала да се оградам од некои наводи дека јас, како Каролина Гочева имам намера да го тужам Град Скопје за откажувањето на Новогодишната прослава. Баш напротив, сметам дека е добро што парите се пренаменети за некој на кој тоа му е потребно и како и во многу други прилики сум тука да помогнам. Значи, уште еднаш, за сите шпекулации на темава, јас не учествувам и нема да учествувам во никаква тужба, пишува пејачката на социјалните мрежи.
На дочекот на Новата 2017 на плоштадот Македонија граѓаните требаше да ги забавуваат Каролина Гочева, Миле Кузмановски и Слаткар.
Град Скопје денес преку соопштение ги информираше граѓаните дека ја откажува прослава и средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во износ од околу 2 милиона денари ќе бидат донирани во социјални цели.
-Би сакала да се оградам од некои наводи дека јас, како Каролина Гочева имам намера да го тужам Град Скопје за откажувањето на Новогодишната