Карпош се гради и солидаризира-СДСМ само манипулира

Loading...

Со денешните ефтини манипулации СДСМ и советниците од оваа партија ја продолжија деструкцијата која со години наназад ја прават во Општина Карпош. Ова е само уште еден обид за нивното претседателче да излезе од анонимност, велат од Општина Карпош.Тие се повеќе од свесни дека локалната и централната  власт не е исто. Да ги потсетиме дека за централна власт тие не победија туку изгубија и на власт не ги донесе народот туку Хојт Ји. Сакаме да ги увериме дека во Карпош тој неможе да ги донесе на влас туку граѓаните ќе одлучат кој ќе  ги води во следните четири години.
Карпошани многу добро знаат кои реновира фасади, кои заменува покриви, кои реконструира лифтови, кои дава бесплатни ужинки за учениците, бесплатни еднодневни екскурзии. Граѓаните на Карпош знаат од која Општина најдобрите ученици и спортисти се на заслужен одмор во Грција, кои им дава стипендии на талентираните ученици и успешните спортисти. Добро знаат и чии училишта се најмодерни во Македонија.
Граѓаните на Карпош за жал, неможат да се сетат што досега добиле од градоначалниците на СДСМ. На Андреј Петров поблиску му беа Лос Анџелес, Сан Франциско и Јоханесбурк од Злокуќани и Бардовци. А пак, на Сашо Кузмановски канцеларијата му беше во ресторантот „Влае“. Ете, затоа граѓаните на Карпош знаат да направат разлика, бидејќи досега почуствувале кои вистински ги штити нивните интереси. Општина Карпош е изградена од солидарноста на Југословенската и светската јавност и општествена одговорност е да се помогне на јавно претпријатие кое управува со стратегиски битни објекти за одбрана на Република Македонија. Впрочем, 450 квадратни метри лим  во вредност од 2.500 евра за покривање на три државни објекти е помалку од половина од наводното издавање на нејзиниот стан токму во Карпош. Очигледно СДСМ се опијанети од власта па незнаат кога биле во право: тогаш кога дел од нивните советници гласаа за “одлуката”, дел беа воздржани, а само четири од нив беа против, или денес, кога држат беспредметна прес конференција пред вратите на Општина Карпош.Тие се повеќе од свесни дека локалната и централната  власт не е исто. Да ги потсетиме дека за централна власт тие не победија туку изгубија и

loading...