Карпош се прости од својот заслужен граѓанин

Општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски се простија од својот заслужен граѓанин, големата пливачка легенда, Нико Нестор. 
Првиот човек на локалната самоуправа денеска, со пригодна реч се обрати на комеморацијата која ја организираше Агенцијата за млади и спорт во Музејот на Македонската борба во чест на ликот и делото на предводникот на македонското маратонско пливање, Нико Нестор, првиот Македонец кој го преплива Охридското Езеро и каналот Ла Манш.
На комеморацијата на која присуствуваше неговото најблиско семејство и пријателите, низ пригодни сеќавања говореа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и членови од семејството и блиските пријатели на Нестор.
Во својот говор, градоначалникот Јакимовски рече дека, да се биде сограѓанин со големиот Нико Нестор, легендата на македонското пливање е навистина чест и привилегија. Овој заслужен граѓанин на Карпош, со својот лик и дело долгорочно ја задолжи локалната самоуправа, исто како и севкупната македонска и светска јавност.
Треба во себе да носиш голем ентузијазам, самодисциплина, голема љубов кон спортот, кон својот народ и кон татковината, за цврсто да опстоиш на својот пат, на своите спортски соништа и цели и нив, низ макотрпни тренинзи и откажувања да ги оствариш. Општина карпош, неговото место на живеење, доследно и достојно го почитуваше својот пливачки бренд, рече Јакимовски.
Нико Нестор заедно со Атина Бојаџи се прогласени за великани на македонскиот спорт. Тие на 29 октомври во 2010-тата година беа прогласени за заслужни граѓани на Општина Карпош, заради постигнатите резултати во областа на спортот- пливањето и за афирмацијата на Република Македонија надвор од нејзините граници, со препливувањето на каналот Ла Манш.
– Нико Нестор како наш сограѓанин остави дел од спортскиот дух, дел од историјата, дел од себе во Карпош. Тој беше светол пример за помладите генерации и спортски дејци кои ги следеа неговите дострели. Не случајно сите четворица македонски пливачи кои го освоија Ла Манш се од Карпош, рече на крајот Јакимовски збогувајќи се со големата пливачка легенда Нико Нестор, жител на Влае од 1965 година.
  
Првиот човек на локалната самоуправа денеска, со пригодна реч се обрати на комеморацијата која ја организираше Агенцијата за мл

Пронајдете не на следниве мрежи: