Првите тестови покажаа дека Норвежанецот кој е без клуб уште од јули не е баш физички подготвен, Интер сега се двоуми во однос на овој трансфер.
Кару ги помина прегледите во таа смисла што не е повреден, проблемот е неговата физичка подготвеност.
33-годишниот Норвежанец тренираше и откако си замина од Вест Хем, но не ги помина подготовките и сега Интер нема време да го чека.
Поради тоа ќе мора да се докажува во наредните десет денови, целта е да покаже дека е подготвен за да конкурира во тимот веќе на 10-ти март кога на „Џузепе Меаца“ гостува Болоња. Доколку до тогаш не го увери Страмачиони дека може да помогне во наредните три месеци, тогаш нема да биде ангажиран.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Првите тестови покажаа дека Норвежанецот кој е без клуб уште од јули не е баш физички подготвен, Интер сега се двоуми