Највкусната, најлесната и најбрзата торта за подготвување. Изненадете ги вашите најмили!Потребни состојки:
-100 гр чоколадо за готвење
-100 гр млечно чоколадо
-1 кг бисквити
-250 гр шеќер
125 гр маргарин
-300 гр желе бомбони
-200 гр сецкани ореви
-1 л млеко
-10 чоколадни бананчиња
-2 кесички ванилин шеќер
и по желба две лажици рум
Припрема: Искршетеги бисквитите и ставете ги во длабок сад. Млекото, маргаринот, двете врсти на чоколадо, шеќерот и ванилиниот шеќер турете ги во тенџере. Потоа ставете го на шпорет и мешајте додека состојките не се соединат, а млекото не врие. Пред да го тргнете тенџерето од шпоретот, додадете две лажици рум. Готовата смеса за касато тортата турете ја врз искршените бисквити и додајте исецкани желе бомбони, ореви и чоколадни бананчиња. Мешајте додека бисквитите не се соединат со смесата за торта. Смесата ставете ја во калап за торта и оставете ја да се лади во фрижидер. Откако ќе ја извадите можете да и ставите шлаг, чоколадо и ореви или кокос. Изборот е ваш. Добар апетит!Потребни состојки:
-100 гр чоколадо за готвење
-100 гр млечно чоколадо
-1 кг бисквити
-250 гр шеќе