Каснување од ЗМИЈА: како да се спасите?

Правило број еден: Не се обидувајте да го исмукате отровот!Од страстни градинари до планинари, сите што минуваат доста време надвор имаат ризик да им се вкрстат патиштата со отровна змија. Ако мислите дека не сте во опасност, се лажете. Змиите отровници се наоѓаат насекаде, а ризикот е особено голем на топло. Најчести отровни змии во Македонија се поскокот и шарката.
Секоја година се пријавуваат бројни каснувања од змија. Иако смртните случаи не се толку чести, многу е важно на време да се реагира бидејќи каснувањата можат да усмртат човек.
Еден од најголемите митови е дека смукањето на отровот надвор од раната ќе помогне. Никако немојте да го правите тоа. Сечењето или смукањето на заразеното место ќе направи уште поголема штета. Исто така, треба да избегнувате ставање лед на каснатото место или користење на антиинфламаторни лекови како ибупрофенот.
Ако ве касне змија, првиот и најважен чекор е веднаш да побарате лекарска помош. Додека да ја добиете, еве што треба да правите:

-Извадете го накитот или облеката што стега бидејќи е можно потекување.
-Сликајте ја раната на секои 15 минути. Сликнете го каснатото место, како и потечените места. Ова ќе им биде од корист на лекарите.
-Немојте да паничите. Паниката го зголемува пулсот, и со тоа отровот побрзо ќе се рашири низ крвта.
Да се остане мирен за време на каснување се чини како невозможна мисија, но сетете се на некои корисни статистики, како онаа дека шансата за умирање по удар од гром е поголема. Од илјадниците каснати луѓе секоја година, има многу мал број на смртни случаи.
За совети околу идентификација на различните отровници, можете да симнете и една од мноштвото апликации за смартфони што постојат.Од страстни градинари до планинари, сите што минуваат доста време надвор имаат ризик да им се вкрстат патиштата со отровна змија. Ако мислите дека

Пронајдете не на следниве мрежи: