Кастратовиќ: Mладите треба да го засакаат ракометот

Во очекување на натпреварите од вториот дел од сезоната од Вардар Јуниор лигата, ги средуваме спомените од зимскиот турнир „Еден живот, една љубов“, кој годинава се одржа по третпат во организација на Ракометната академија Вардар.
 На наше големо задоволство на натпреварите учествуваа над 1200 деца, а дел од нив имаа можност да се дружат и да покажат што знаат пред нашите врвни тренери, како и пред мноштво ѕвезди од македонскиот ракомет, како и од нашите сениорски тимови. Турнирот, како најмасовен во Македонија, се одржуваше два викенда, а учествуваа момчиња и девојчиња од генерациите 2000/01, 2002/03, 2004/04, 2006/07 и 2008/09.
За родителите и децата изненадување беше што на трибините во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански” беше тренерот на Вардар сениори Раул Гонзалес, кој заедно со ќерките присуствуваше на натпреварите во мини ракомет, и тоа кај најмалите ракометари во нашите регионални единици – генерацијата 2008/09.
„Ова беше многу добар турнир, зашто ако сакаш да успееш со првата екипа, ти требаат и млади кои играат ракомет. Имаше многу деца кои се забавуваа преку ракометот. Турнирот беше супер зашто сите многу уживаа. И мојата ќерка беше тука и уживаше, и сака да игра повторно. Мислам дека на осум или девет години треба да уживаш ако сакаш да спортуваш, а подоцна треба да се фокусираме и на талентите. Но, на почетокот треба да биде како што беше нашиот турнир, на кој имаше многу добра атмосфера. Родителите беа во публиката и уживаа во дружба со децата. Многу добро поминат викенд”, вели Раул Гонзалес.
Дечињата ни приредија интересна игра и уште позабавна дружба која успеа да извлече насмевки и кај највоздржаните родители, а тренерот трпеливо гледаше дали на теренот може да се насети некој иден репрезентативец или ракометна ѕвезда.
Највеселиот учесник на натпреварите од мини ракомет, освен децата, беше нашата Индира Кастратовиќ, една од најдобрите репрезентативки на македонскиот ракомет, како и поранешен тренер на нашата сениорска екипа и актуелен координатор за женските селекции.
Кастратовиќ го разбуди детето во себе, и како судија ги претвори натпреварите во мини шоу, од кои децата си заминаа со мноштво спомени и насмеани лица.
„Јас и кога почнав да работам со мојата школа, се потврди дека најубаво е да се работи со деца, зашто тоа е и забава. Големо богатство е што имаме турнир, како „Еден живот, една љубов”, и што е вака осмислен и организиран. Треба да се продолжи и ќе излезат добри спортисти. Најмладите учесници, пак, се на возраст на која треба да го засакаат ракометот, овие натпревари треба да се забава за нив, дружба, запознавање со спортот, а не вистински натпревар”, рече Кастратовиќ, и остана на теренот да се забавува со децата, не криејќи ја желбата да им покаже на децата дека пред сѐ треба да се забавуваат.
Вториот ден од натпреварите, расположението во салата го подигна и присуството на вардаровите ракометарки Барбара Лазовиќ, Андреа Човиќ и Тамара Мавсар.На наше големо задоволство на натпреварите учествуваа над 1200 деца, а дел од нив имаа можност да се дружат и да покажат што знаат пред нашите врвн

Пронајдете не на следниве мрежи: