Кастро изјави подготвеност за разговор за решавање на проблемите со САД

Кубанскиот лидер Раул Кастро им се заблагодари на Ватикан и на Канада за посредувањето при воспоставувањето  дијалогот меѓу Хавана и Вашингтон. По 53 години без билатерални односи, претседателите на САД и на Куба, Обама и Кастро разговараа телефонски нешто помалку од еден час Особено сакам да му се заблагодарам на папата Франциск, кој направи многу за да се поправат односите меѓу двете земји. Исто така, канадската влада вложи голем напор да се стекнат услови за дијалог на највисоко ниво меѓу Хавана и Вашингтон – истакнал Кастро.
Тој нагласил дека, сепак, не е решен главниот проблем меѓу Куба и САД.
– Економската и финасиска блокада и понатаму создава голема штета на народот и таа би требало да биде остранета – додал Кастро.
Лидерот на Куба, кој ја презде функцијата поради болест на својот брат Фидел, истакна дека се залага за дијалог заснова на почитување на сувереноста и на еднаквоста.- Свесен сум дека постојат големи разлики меѓу нас и дека главните проблеми се прашањето за национален суверенитет, демократијата, човековите права и надворешната политика. Во оваа пригода потврдувам дека сме подготвени да почнеме разговор за да ги решиме овие проблеми – рекол Кастро. Особено сакам да му се заблагодарам на папата Франциск, кој направи многу за да се поправат односите меѓу двете земји. Исто така, канадската

Пронајдете не на следниве мрежи: