Катастрофален земјотрес во Кина: Бројот на мртвите достигнал до 381, спасувањето е во тек

На подрачјето погодено од земјотрес срушени се повеќе од 12.000 куќи, додека 30.000 се оштетени. Кинеските медиуми јавуваат дека тоа е најсилниот земјотрес кој го погодил Јунан во последните14 години.Во тек е интензивна акција за спасување на преживеани во силниот земјотрес кој вчера ја погоди провинцијата Јунан на југозапад во Кина, а во кој загинале најмалку 380 лица, додека повеќе илјади се повредени.
Спасувачите и денес, утро по катастрофата, ги пребаруваат рушевините во очајнички потраги по преживеани, но нивните напори ги отежнува обилниот дожд.
Во окоругот Лудијан кој е најтешко погоден, „преживеаните мокри до кожа, седат крај калливите патишта чекајќи да им достават храна и лекови. Некои од нив полуголи стојат на отворено на дождот“ наведуваат кинеските медиуми.

Податоците на Министерството за внатрешни работи на Кина покажуваат дека во земјотресот настрадале вкупно 381 лице, а бројот на повредени се искачил на 1.801.
Според тврдењата на Американскиот геолошки завод, земјотресот бил со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, додека кинеската сеизмолошка служба го проценила на 6,5 степени.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од само 10 километри,под градот Ленгтоушан, кој е најтешко погоден. Кинеската државна телевизија соопштила дека тоа е најсилниот потрес на подрачјето Јунан во последните 14 годиниВо тек е интензивна акција за спасување на преживеани во силниот земјотрес кој вчера ја погоди провинцијата Јунан на југозапад во Кина, а во кој за

Пронајдете не на следниве мрежи: