Катастрофални воздухопловни несреќи во Македонија

Насекаде низ светот се случуваат најразлични водухопловни несреќи, кои понекогаш одземаат стотици човечки животи. На територијата на Република Македонија се имаат случено неколку авионски несреќи кои биле трагични за многу човечки животи. Ние решивме според хроничарите на македонското воздухопловство да ви ги презентираме катастрофалните воздухопловни несреќи на територија на Македонија.
Првата несреќа во Македонија во цивилното воздухопловство се случила на 22-ри октомври 1951 година. Авионот на ЈАТ, Douglas C-47А-20-DК со регистрација YU-АCC, што полетал од Белград се урнал на аеродромот во Скопје. Во оваа несреќа загинале 12 луѓе.
Втората регистрирана авионска несреќа во Македонија се случила на 22-ри септември во 1975 година. Авион од типот Antonov 2R со регистрација SP-WNZ на операторот ZUA (Zakladu Uslug Agrolotniczych) при слетување на Скопскиот аеродром се судрил со Antonov со регистрации SP-WOB, исто така од ZUA. За жал нема подетални информации за оваа несреќа.
Многу подоцна веќе во осамостоената Република Македонија се случила третата несреќа на четврти јули 1992 кога карго авионот Antonov 12 BK на Volga – Dnepar Airlines со регистрација CCCP-11342 се урна на 26 километри југоисточно од Скопје, при слетувањето на аеродромот. Авионот удрил во планина близу селото Лисец, Тетовско. Во оваа несреќа животот го загубиле осум лица.

Само една година подоцна на петти март 1993 година, на полетување од Скопскиот аеродром, се урнал патнички авион ФОКЕР 100 на компанијата Палер Македонија кој требал да превезува 97 патници, а во несреќата загинале 86 лица. Во аналите во врска со несреќата е запишано дека причина за падот на Фокерот е тоа што крилјата на воздухопловот не биле одмрзнати, што довело до негов дефект и паѓање.

Само осум месеци подоцна, на 22-ри ноември истата година кај Охридскиот аеродром се случила и следната воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс се урнал поради грешка на пилотот,која однесе 115 човечки животи. Само еден човек преживеал. Авионот требал да полета од Женева и да слета во Скопје. Меѓутоа поради лошите временски услови бил пренасочен кон Охридскиот аеродром на принудно слетување. Меѓутоа авионот на пат кон Охридскиот аеродром се урнал во планината Тројан.

На 18-ти септември 1995 година авионот Antonov 2R кој беше ангажиран во гасење пожари се урнал во близина на Скопје. Во оваа несреќа два члена на екипажот го загубиле својот живот.
Во 2001 година за време на воениот конфликт во Македонија на 17-ти март, воениот хеликоптер МИ-17 удрил во бетонски столб на Попова Шапка. Во несреќата загинале пилотот и инженерот, а десетина војници се здобиле со телесни повреди.
На 12-ти јануари во 2008 година се урна хеликоптер на АРМ кај месноста катлановско Блаце. Во несреќата загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Насекаде низ светот се случуваат најразлични водухопловни несреќи, кои понекогаш одземаат стотици човечки животи. На т

Пронајдете не на следниве мрежи: