Пратеничката од СДСМ Солза Грчева преку својот фејсбук профил ја осуди скандалозната изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која ги прогласи за нелегитимни сите институции во Македонија.„Катица да ја избереме за Царица на Македонија! Само така ќе црпи легитимитет по наследство, а не како сега што и го даде Собранието кое „не било легитимно“ и не го признавала. Не знам само дали го признава и буџетот од 4 милиони евра за 3 месеци кој и го изгласавме ние „нелегитимните“?!“, напиша Грчева, потсетувајќи дека токму Собранието кое според Јанева е нелегитимно и го одобри буџетот за СЈО, пари чиј легитимитет Јанева единствено не го оспорува, покрај нејзиниот, даден од истото Собрание.
Грчева се исмева и со обемот и квалитетот на извештајот на Јанева за работењето на СЈО: „Инаку ја разбирам што не доаѓа во Собрание да го презентира извештајот што ни го предаде. Практично нема извештај. А би сакала да знам кому и за што се дадени масните хонорари.“
На крај пратеникот Грчева потсети и на уште еден бисер на Јанева, која бараше одложување на рочишта на суд за цел месец бидејќи спремала свадба за својата ќерка: „Ај може после свадбата, па ќе ни дојде на гости.“„Катица да ја избереме за Царица на Македонија! Само така ќе црпи легитимитет по наследство, а не како сега што и го даде Собранието