Трагедијата која попладнево се случи во Скопје во која животот го загуби управителот на фирмата која е сопственик на „Нетпресс“, а која е резултат на постојаното психичко малтретирање врз сега починатиот Коста Крпач од страна на СЈО и Оливер не ги одврати обвинителите денес да ја прослават првата жртва на нивното нелегално, непрофесионално и насилно функционирањеДодека во државата се случуваат самоубиства предизвикани од политички притисоци кои се спроведуваат преку СЈО и бандите на Оливер Спасовски во МВР, оние кои се најодговорни за трагедијата денес решија на ручек да ја прослават и првата жртва од нивното работење.
Имено, Катица Јанева заедно со обвинителите од СЈО во ресторанот „Пелистер“ попладнево околу 16.00 часот се гоштевале на ручек додека од нивните раце капе крв.
Поради притисок од страна на обвинителите од СЈО и постојаното следење на Коста Крпач од страна на бандите во МВР под контрола на Оливер Спасовски, кои секојдневно вооружени му упаднале и го малтретирале пред сопругата и детето, тој денес си го одзема животот.
Како што дознаваме од неговите блиски, тој постојано бил следен и прислушуван, бил повикуван на разговори во СЈО каде што бил подолжен на тортура и притисоци, под уцена да даде лажен исказ за што против Катица Јанева има и кривична пријава. Крпач дури и побарал професионална помош поради притисоците, но тоа не било доволно.
Ова го прави овој млад човек кој зад себе остави цело семејство, прва политичка жртва под торутрата на СЈО и СДСМ. Но, како и нивните послушници кои денес се радуваа на оваа трагедија, така и тие денес одлучија дека е ден кога треба да се радуваат и да ја прославуваат првата трагедија предизвикана од нивното работење.
Извор: Инфомакс.мкДодека во државата се случуваат самоубиства предизвикани од политички притисоци кои се спроведуваат преку СЈО и бандите на Оливер Спасовски во МВР,