Откако во медиумите излезе фотографија од членската книшка на Катица Јанева од СДСМ, опозициската партија и медиумите под контрола на СДСМ/Сорос се обидоа да ја одбранат иако четири дена молчеле и не давале одговор: Чија е членската книшка со број 038196.Единствената одбрана е дека таа како Специјален јавен обвинител не смеела да биде член на политичка партија.
Проверувајќи ги овие аргументи, утврдивме дека Јанева не е прва во фелата со членска книшка на СДСМ.
Уште во 2008-та година, медиумите отворија голема афера со Претседателот на Штипскиот суд, Миланчо Рамбабов кој на 21-ви април 2003-та година се зачленил во партијата.
Уште поинтересен е фактот што сега Катица Јанева ја вработува токму неговата ќерка Катерина Рамбабова, чија мајка беше кандидат за пратеник на СДСМ.
– Претседателот на Основниот суд Штип Миланчо Рамбабов има членска книшка на Социјалдемократскиот сојуз. Тој се зачленил на 21 април 2003 година, кога СДСМ беше на власт. Се зачленил, најверојатно, во централата во Скопје, а му се потпишал Санде Џамбазовски, тогашен државен секретар во Министерството за земјоделство, претседател на општинската организација на СДСМ од Штип, но и извршен секретар на партијата. Во моментот кога судијата Рамбабов станал член на партија, според тогашниот Закон за судови, тоа било основа за разрешување на судијата. Но место да биде казнет, тој добил унапредување, и по една и пол година бил избран за претседател на Судот,пишуваа тогаш медиумите.Единствената одбрана е дека таа како Специјален јавен обвинител не смеела да биде член на политичка партија.
Проверувајќи ги овие аргументи