Катица Јанева не слушнала дека сопругата на Верушевски му заблагодарила на Заев што го ослободила Верушевски од притвор

Нема крај на пристрасното и непрофесионално однесување на Катица Јанева.Обвинетите за најтешки дела против државата во случајот „Пуч“, Зоран Заев и Зоран Верушевски, по завршување на денешното рочиште се упатија на заеднички ручек во ресторанот „Ла Тераца“ на скопскиот плоштад, уживајќи во ноншалантноста на Катица Јанева која бара мерки за обезбедување само кон функционери на владејачката партија.
Имено, градоначалникот на Битола Владимир Талевски веќе трет месец, на барање на Јанева се наоѓа во притвор, иако општината плаќала тројно пониска цена на превозот од Општина Струмица со која раководи нејзиниот наредбодавател Зоран Заев.
За разлика од Талевски, иако предметот „Пуч“ е многу посериозен, а незаконските снимки со кои располага тандемот Верушевски- Заев се препродаваат, објавуваат на интернет и служат за уцени, Катица Јанева не смета дека тие треба да се најдат во притвор.
За Катица Јанева е недоволен и аргументот што еден од инволвираните во скандалот со незаконското прислушување го призна делото и затоа доби спогодбена казна затвор во времетраење од 4 години.

Врв на апсурдноста беше одговорот на Катица Јанева на новинарско прашање, дека не ја слушнала изјавата сопругата на Верушевски, Соња Верушевска, која јавно му заблагодари на Заев што го ослободила Верушевски од притвор.
Обвинетите за најтешки дела против државата во случајот „Пуч“, Зоран Заев и Зоран Верушевски, по завршување на денешното рочиште се упа

Пронајдете не на следниве мрежи: