Катица Јанева поднесе оставка

Захир Бекири – Чауш ќе биде избран за нов Специјален Јавен Обвинител по итен предлог на СДСМ, откако Катица Јанева поднесе оставка. Јанева заминува од функција поради шовинизам кој врз неа го спровел лидерот на СДСМ Зоран Заев.Заев неколку пати тврдеше дека Специјалниот Обвинител Јанева нема услови каде да ги чува прислушуваните материјали, па затоа се уште не и ги доставил.
Јанева негодуваше на ваквите ставови на Заев, тврдејќи дека можеби нема кафекуварка, тренер на кучиња и масер во својот тим, но дека има каде да ги чува материјалите од аферата со прислушувањето.
Откако по истрагата на Јавното Обвинителство се дозна дека Заев и СДСМ 70.000 од разговорите веќе ги довериле на чување кај Захир Бекири – Чаушот, специјалната колешка на истражителите поднесе неотповиклива оставка.
„Не може Заев да му верува на некој таму со прекар Чаушот, а да не ми верува мене. Јас сум жена од доверба, знаете, за мене авионот леташе да ми се даде доверба. И не е сериозно сега вака да ме прескокнува Заев. Не сум лесна за прескокнување и тоа со оваа оставка го докажувам“, соопшти Јанева пред новинарите.
„Ако му верува на тој маж, а не на дама како мене, нека си продолжи да си соработува со тој маж, Чауш, како го викате“, заврши Јанева.
На итна седница на СДСМ беше избран новиот предлог на партијата за Специјален Јавен Обвинител кој ќе спроведува независна истрага, уште понезависна од таа на Катица Јанева.
Во соопштение од Бихачка соопштија дека за нов независен Специјален Јавен Обвинител го предлагаат лицето Захир Бекири, човек кој докажано знае да чува прислушкувани материјали.
Кромиди Запад*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
РепубликаЗаев неколку пати тврдеше дека Специјалниот Обвинител Јанева нема услови каде да ги чува прислушуваните материјали, па затоа се уште не и ги достав

Пронајдете не на следниве мрежи: