Специјалното јавно обвинителство брзајќи да го покрие Зоран Заев, почна да постапува и за предмети кои не се во негова надлежност. Трагедијата да биде поголема, Катица Јанева побарала и притвор без претходно да се обиде да го повика осомничениот. Сето ова според искусни правници укажува на огромно непознавање на материјата и паника која мора да се покрие со театрални настапи.Истото се потврдува и во соопштението на скопскиот Кривичен суд, објавено утрово. Ви го пренесуваме во целост.
„Во врска со прашањата од повеќе медиуми за наредбата за претрес против лицето Г.Г., во текот на вчерашниот ден од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) до овој суд беше доставено барање за издавање на наредба за претрес во дом на осомничениот Г.Г.
Судија на претходна постапка постапи по ваквиот предлог при што не се согласи со истиот поради тоа што:
Имено, согласно Законот за Јавно Обвинителствво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и тоа предвидено во чл.5 ст.1 и чл.2 ст.1, Обвинителството (СЈО) има лимитирана стварна надлежност која не произлегува од барањето за издавање наредба за претрес и образложение на истото.
Согласно чл.17 ст. 1 од ЗКП произлегува дека предуслов на судија за претходна постапка да постапи по барање на ова обвинителство е најпрво со сигурност да утврди дека ова Јавно Обвинителство е стварно надлежно во соодветниот случај кој би произлегол од конкретна содржина на незаконито следење на комуникации.
Од барањето за издавање на наредба за претрес во која се наведува дека наредбата се бара заради пронаоѓање траги на кривични дела и предмети, најпрво неопходно е да се утврди овластувањето на СЈО дека конкретните предмети кои треба да произлезат од претресот се поврзани со содржината на незаконското следење на комуникации.
Од барањето за издавање на наредба во смисла на чл.194 ст.3 од ЗКП не се определени и не е даден прецизен опис на предметите чие што одземање се бара туку се користи општа терминологија на предмети кои можат да се пронајдат во сечиј дом, имајќи предвид дека согласно чл.189 ст.1 алинеа 5 од ЗКП наредбата за претрес треба да содржи опис на предмети што треба да се пронајдат при претресувањето.
Поради сето погоре образложено во смисла на чл. 294 ст.2 од ЗКП судија на претходна постапка не се согласува со барањето за издавање наредба за претрес со што предметот се достапува на понатамошно постапување пред Кривичен совет при овој суд.
Непосредно по поднесувањето на наредбата за претрес, а по изјавената несогласност на судијата за претходна постапка СЈО до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за истото лице. Со оглед дека лицето за кое се однесува предлогот не беше обезбедено пред овој суд, судијата на претходна постапка согласно одредбите на ЗКП каде во Глава XVI се предвидени мерки за обезбедување присуство на лица и за непречено водење на кривичната постапка за наведеното лице, издаде покана да се јави веднаш во текот на денешниот ден во просториите на судот пред судијата на претходна постапка. Во врска со предлогот на обвинителството, судијата на претходна постапка по сослушување на лицето дополнително ќе донесе одлука за која јавноста ќе биде навремено информирана.“ – се наведува во соопштението на Основниот суд Скопје 1.Истото се потврдува и во соопштението на скопскиот Кривичен суд, објавено утрово. Ви го пренесуваме во целост.
„Во врска со прашањата