Дали Катица Јанева е обвинител кој треба да ги гони Зоран Заев и Зоран Верушевски за нивната улога во „Пуч“ или Јанева е нивен адвокат кој се обидува да ги ослободи од вина.Ова е прашањето што се наметна со барањето на Јанева, обвинетиот Верушевски да биде ослободен од притвор. Барањето веднаш беше осудено од експертите како срамно, несериозно и незаконско. За нив во најмала рака е контрадикторно тоа што Јанева најпрво побара одлагање на предметот поради тоа што не била запознаена, за веднаш потоа да биде до толку запознаена што побара негово ослободување.
– Како може за предмет што не го проучила, таа да се изјаснува за ослободување од притвор. Доколку Верушевски биде пуштен, може да влијае на сведоци, да остварува телефонски контакти и слично, смета аналитичарот Сотир Костов, поранешен Јавен обвинител во денешната изјава за Телеграф.
Дека постои некаква спрега помеѓу Катица Јанева и обвинетите Заев и Верушевски, дополнителен сомнеж се фрли вчера кога повеќето портали финансирани од Сорос започнаа да шират еуфорија дека судот го прифатил нејзиното барање и го ослободил Верушевски од притвор, иако таква одлука не беше објавена од судот, па од Основен суд Скопје 1 – Скопје реагираа на начинот на работа на порталите на СДСМ.
Врската меѓу Катица Јанева, Зоран Заев и Зоран Верушевски уште поцврсто ја потврди сопругата Зоран, Соња Верушевска, обвинета во истиот предмет. Tаа на својот профил на Фејсбук напиша „Денес се случи слобода на човекот кој не направи сите горди и достоинствени… Најголема благодарност упатувам до лидерот на Социјал демократскиот сојуз на РМ г-динот Зоран Заев кој не сплоти сите околу една визија и вистина за Македонија – Ви посакувам на сите до крај храбро, заедно да ја извојуваме битката за слободна и демократска Македонија“.
Со обраќањето на Соња Верушевска веќе отворено се говори дека барањето за ослободување од притвор на Верушевски е изготвено од Заев, а веројатно само потпишано од Катица Јанева.Ова е прашањето што се наметна со барањето на Јанева, обвинетиот Верушевски да биде ослободен од притвор. Барањето веднаш беше осудено од експертит