Катица Јанева во недостаток на факти почна да цензурира

Телевизија НОВА синоќа организираше отворено студио на тема за случајот „Космос“. Нивниот обид за соочување и пренесување на сите засегнати страни пропадна поради тоа што единствен подготвен со факти и аргументи да зборува за случајот беше градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.Откако СЈО го актуелизира случајот по 5 години, пласирајќи политички обвинувања, но не и материјални докази, Катица Јанева почна да цензурира говорење на оваа тема онаму каде за тоа се потребни факти.
Поканата на ТВ Нова првично ја прифатил Мирослав Грчев кој подоцна без образложение не се појави во студиото. Се отвора основан простор за сомнеж дека на Грчев му било забрането да се појави во емисијата и да се соочи со аргументите на градоначалникот Трајковски.
Јанева му плаќа на Грчев од народни пари да работи на овој случај, па останува енигма зошто му забранила да говори на оваа тема онаму каде за неговите ставови ќе му беа побарани докази.
Постојат два одговори на ова прашање: Или Катица Јанева нема никакви аргументи и сака случајот само политички и без докази да го процесира или пак таа се сомнева дека Грчев има капацитет и интелектуален потенцијал да дебатира со факти на оваа тема.
Вештакот ангажиран од СЈО и Јанева е поранешен градоначалник и висок функционер на СДСМ, познат во јавноста по неговите ниски и недолични напади кон ВМРО-ДПМНЕ.
Но, во обид да ја нападне владејачката партија, Грчев се служи со омаловажувања и навреди на сметка на цела земја и цел народ.
 
Еве дел од неговата колумна објавена на опозицискиот ПлусИнфо:
„Македонија е денес, по десетгодишното владеење на Груевски и неговата ВМРО-Злосторничка, територија што културно и државно-правно не претставува ништо. Тоа е празно место на мапата на Европа, територија дефинирана на негативен начин – со меѓународните граници до коишто се простираат соседните држави. Нејзиното постоење е обезбедено од стабилноста на геополитичките фактори надвор од неа, или поточно, од континуитетот на решенијата и геополитичката инерција на светските центри на одлучување. И, ништо повеќе. Да не постоеше оваа цврста и стабилна геополитичка структура околу нас, државно-правниот и културен вакуум што ВМРО го создаде уништувајќи ги институциите на државата, ќе предизвикаше неминовна имплозија на Македоња Вечна, имплозија што ќе ги вовлечеше и судреше сите околни државни ентитети во уште една балканска експлозија.  За среќа, никој веќе не е заинтересиран за библиската земја, и токму таа незаинтересираност за некогаш посакуваната – а денес опустошена земја – е суштинскиот гарант за суверенитетот на нашата територија. Од друга страна, тој надворешен безбедносен оклоп создаден од меѓународната индиферентност кон нашата празнина, ја овозможува временски неограничената општествена анабиоза т.е. непостоење на македонската држава и култура во рамките на својата суверена територија. Тоа е стратегијата на партиско-мафијашката инсталација на ВМРО – одржување на статус квото на нашето суверено непостоење. Проверив, во Кривичниот законик нема ниту еден член што го дефинира овој мегазлостор, ниту еден правен лек против партиското окупирање на државата и нејзиното институционално уништување. Значи, единствениот лек за излез од општествено-политичката анабиоза е вонправното и вонинституционално соборување на режимот, исклучувањето на злосторниците од политиката, свикувањето на уставотворно собрание и воспоставувањето на уште една Нова Македонија. Нема друго, па тој ти е!“
 
Јавноста синоќа уште позачудена беше од бегањето на сопственикот на Космос, Фијат Цановски, да говори за случајот.
Телевизијата го објави писмениот одговор од него како образложение зошто не дошол.
 
„Специфичноста за случајот Космос е добро позната на македонската јавност. Јас лично многу пати го повикував градоначалникот за дебата, но не наидов на таа доблест. За среќа во овој период се виде и неговата кредибилност како Градоначалник и кредибилноста на оние кои стоеја зад погубната одлука.
Започна и конечно нормален обвинителски процес во кој сум сигурен дека правдата ќе биде задоволена. Затоа денес сметам дека не треба да се дебатира со човек кој ми наштетил со умисла прекршувајќи ги сите законски решенија.
Во секој момент би присуствувал на дебата со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-динот Никола Груевски, како Претседатели на две политички партии и како луѓе кои носат одлуки за општествена корист или штета.“
 
Соочување со градоначалникот Трајковски одбил и синот на Фијат, Сефер Цаноски кој досега јавно зборуваше за случајот.Откако СЈО го актуелизира случајот по 5 години, пласирајќи политички обвинувања, но не и материјални докази, Катица Јанева почна да цензурира говор

Пронајдете не на следниве мрежи: