Дали првиот човек на специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, е и регистриран земјоделец – овоштар? Обвинителката Јанева, во септември лани откако беше назначена за прв човек на СЈО,аплицирала на јавен повик, по багателна цена да земе под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост, кое било под узурпација, се гледа од документите до кои дојде Алфа.За учество на јавниот повик што го распишало министерството за земјоделие, услов било на земјиштата да има насади стари најмалку три години, а право на аплицирање имале само регистрирани земјоделци или трговци поединци кои се занимаваат со земјоделство, стои во „Јавниот повик“.
Според документите, Јанева понудата ја поднела крајот на септември, каде од државата ги бара под закуп нивите во катастарската општина Мрзенци со површина од скоро 3 декари, и пишува дека намената е овоштарство. Во изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со овошје. Отворениот повик бил за 17 општини, меѓу кои и Гевгелија.
Откако завршил јавниот повик, во декември, Земјоделие од бирото за судски вештачења побарало да се провери веродостојноста на понудите, односно дали насадите се постари од три години. Во извештајот на вештаците пишува дека утврдиле спорни понуди на 4 локации, кај повеќе лица, а една од спорните понуди според напишаното во извештајот била и понудата на Јанева. 70 отсто од нивите според наодот што го напишале вештаците не бил засаден со овошје, смокви стари повеќе од 3 години имало само на 30 отсто од земјоделската површина.
Според судските вештаци нивите не биле обработувани, а насадот бил на опожарена површина на која скоро 50 години имало црн бор. Дека нивите се пустелија, се гледа и од снимката. За да ја слушнеме другата страна, Алфа побара одговор и од обвинителката Јанева, до објавувањето на текстот не стигна никаков одговор од обвинителката.За учество на јавниот повик што го распишало министерството за земјоделие, услов било на земјиштата да има насади стари најмалку три години, а прав