Катица Јанева не запира со вдомување и вработување на партиски кадри на СДСМ во Специјалното јавно обвинителство.Од неодамна на платниот список на Катица Јанева и СЈО се наоѓа и Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.
Миле Трајковски има дипломирано на еден од приватните универзитети во Република Македонија и зад своето име досега нема ниту еден ден работен стаж. Очигледно, Катица Јанева со вакви „искусни и проверени“ кадри има намера да го зајакне капацитетот на СЈО.
Имено, Трајковски токму поради ова вработување во Специјалното јавно обвинителство поднесе неотповиклива оставка од местото Советник во општинскиот Совет во Крива Паланка, наводно како што стои во документот, поради лични причини.
Дополнително, јавноста можеше да го забележи Миле Трајковски и како активен учесник и поддржувач на „Шарената револуција“ која во текот на летото низ улиците во Македонија уништуваше објекти и сквернавеше споменици. Очигледно, токму поради ова Миле Трајковски во очите на Катица Јанева заслужи и одработи вработување во Специјалното јавно обвинителство.
Досега во СЈО, Катица Јанева вработи голем број на лица кои се дел од структурите на СДСМ или пак се роднински поврзани со дел од нив или пак со обвинителите во СЈО, но и лица кои имаат криминални досиеја. Таков е случајот со внукот на Катица Јанева, случајот со Борче Трајковски познат во јавнота како Боки Бургија, со неколку активисти и истакнати членови на Шарената револуција итн.
Со ваквото делување и вработување на кадри на СДСМ, на дело се покажува грубата предизборна партизација на СЈО кој на платен список ги става кадрите на СДСМ и ги плаќа со парите на граѓаните.Од неодамна на платниот список на Катица Јанева и СЈО се наоѓа и Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.