Катица со 30.000 евра народни пари, ЈА ОДРЖУВА КРИЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ

Loading...

Катица Јанева и нејзините соработници безмалку една година бркаат вештерки претставувајќи ја својата политички оркестрирана јалова борба со криминалот како пожртвувана и безрезервна одбрана на правдата. Не успеаја да ги протуркаат политичките мотиви на прогонот, но затоа успеаја високо да се позиционираат на столбот на срамот како дружина, која во земја во која просечната плата изнесува 22.350 денари се луксузира со енормно високи плати, кои според нивното признание изнесуваат меѓу 2500 и 3500 евра месечно.Од формирањето на Специјалното јавно обвинителство во септември лани, специјалната Катица Јанева има заработено над 30.000 евра, а згора на тоа државата ѝ плаќа месечно по 300 евра за кирија (за целосен увид во имотната состојба на јавната обвинителка, прочитајте Како се збогати Катица Јанева) иако има два стана во Скопје, едниот од 68 м/2, а другиот од 72 м/2 и ги пријавила како имот на нејзините деца.
Фотографиите кои ги објавуваме ги добивме од читатели кои се затекнале со специјалната обвинителка на граничниот премин Дојран, на 4 јули годинава. Немаме информации на која плажа заминала и колку чини нејзиниот одмор, но повеќе од сигурни сме дека со тие примања нема потреба да се стиска и да се воздржува.

Периодов, додека шарените се сончаат, а СЈО ја одржува кризата, Катица Јанева и нејзиниот тим немаат амбиции да се занимаваат професионално со професијата, односно со правото и правдата, туку да градат имиџ на телевизиски ѕвезди и на филмски јунаци, што кај фелата предизвика презир, а исто така го подри и онака катастрофалниот рејтинг на СЈО во јавноста. Јавна обвинителка која живее во филм дека е „македонската Бијонсе“ или „Чарлев ангел“ заслужено има недоверба од над 60 проценти од граѓаните зад чијашто одбрана треба да застане.

 
Освен Катица Јанева, подолг период надвор од земјава е и нејзината соработничка Ленче Ристовска, која, случајно или не (изгледа не) токму во овој период се наоѓа на обука во САД на сметка на американските власти.
Јавноста, која ги плаќа специјалните обвинители, чека одговор колку ќе ја чинат екскурзиите, особено ако се има предвид дека се создава простор да му се даде на СЈО повеќе време и да им се продолжи мандатот на обвинителите, што ќе значи дека екстремно големите плати и трошоците за работа на Обвинителството ќе продолжат да се иплаќаат до недоглед од џебот на македонските граѓани.
InfomaxОд формирањето на Специјалното јавно обвинителство во септември лани, специјалната Катица Јанева има заработено над 30.000 евра, а згора на тоа држ

loading...