Католички активисти не го сакаат американскиот кардинал Махони на конклавите

Римокатоличките активисти испратиле му испратиле петиција на американскиот кардинал Роџер Махони да се изземе од учеството во изборот на новиот Папа, за да не ги навреди жртвите на сексуалното злоставување од страна на свештениците, случаи од периодот кога тој бил бискуп на Лос Анџелес,На петицијата се потпишани околу 10 илјади и таа е испратена во црквата во жупанијата Норт Холивуд, во која, кардиналот Роџер Махони престојува, пишува Reuters.Американското здружение Catholics United, на која  се придружиле и здруженијата на жртвите од педофилските скандали на свештениците, ја покренало потпишувањето на петицијата со која сакаат да го спречат кардиналот Махони кој со неговите 76 години може да гласа, да учествува во изборот на новиот Папа.Махони, кој бил надбускуп на Лос Анџелес во периодот од 1985 до 2011 година, неговиот наследник на должноста Хозе Хорасио Гомез во потегот без преседан го тргна до сите „јавни и административни должности“ и јавно го критикуваше бидејќи ги прикривал злоставувањата што во 1980-те ги сториле десетици свештеници педофили во неговата дијацеза.Инаку на Макхони, кој е кардинал од 1991 година, никој не може да му забрани да учествува на конклавите на кои ќе се избира новиот поглавар на римокатоличката црква, откако актуелниот папа Бенедикт Шеснаесетти неочекувана соопшти дека се повлекува од должност на 28-ми февруари. Напротив, според каноните на католичката црква, се смета задолжителна обврска да гласаат сите кардинали на коишто здравјето им го дозволува тоа.„Тоа претставува шлаканица за жртвите, да мислат дека Махони може да го забошоти 25 годишното сексуално злоставување на деца и потоа горделиво да оди во Рим…“, вели Џоел Кастејкс од Мрежата на жртвите на злоставувањата на свештениците.Махони, кој претходно во саботата беше испрашуван во врска со случаите на забошотување и штитење на свештениците педофили и кој себеси се смета „жртвен јарец“ во целиот овој скандал, на својот профил на Twitter објави дека нема намера да се откаже од патувањето во Рим.
МакфаксРимокатоличките активисти испратиле му испратиле петиција на американскиот кардинал Роџер Махони да се изземе од учест

Пронајдете не на следниве мрежи: