Протестен марш и вечерва се реализираше во Кавадарци, приврзаниците на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија ги повторија барањата за отфрлање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата.Пред присутните на градскиот плоштад се обрати Светлана Јосифова, историчар која нагласи дека веќе 75 дена се протестира, а мирните протести ќе продолжат до исполнување на барањата.
– Слушам по белиот свет многу невистини и неправди за Македонија, рече меѓу другото таа, нагласувајќи дека аргументите се во рацете на народот.
Додаде дека овие протести се аларм за будење.
– Три години Македонија е под закана и огромен притисок како од внатрешен, така и од надворешен фактор, рече Јосифова.
Изборот на претседател на републичкото Собрание, додаде, е државен удар. Нагласи дека народот нема да дозволи промена на името Македонија.Пред присутните на градскиот плоштад се обрати Светлана Јосифова, историчар која нагласи дека веќе 75 дена се протестира, а мирните протести ќе про