Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва одржа протестен марш во Кавадарци. Пред кавадарчани се обрати Светлана Јосифова, историчар.– Цели 33 дена протестираме и достоинствено си ги браниме нашата држава, јазикот, химната и знамето, како аманет од нашите претци. Нашите корени се длабоки и вековити и не можат да ги искорнат внатрешните и надворешните предавници со двојни аршини, кои не можеа да претпостават дека ќе излеземе на улица да ги браниме нашите црвено жолти линии, нагласи Јосифова.
Посочи дека ова што на Македонија и се случува со едно малцинство, го нема никаде во светот. Бидејќи, како што рече, имаме малцинство кое во земјава ужива такви права, какви што никаде на друго место во светот нема едно малцинство.
Истакнувајќи го уште еднаш неприфаќањето на платформата од Тирана, Јосифова повика со таа платформа нејзините приврзаници да излезат на вонредни парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните.
Јосифова нагласи дека се повеќе и повеќе луѓе излегуваат на мирните протести. Побара решавање на кризата. За, како што рече, да има што да им оставиме на идните генерации.– Цели 33 дена протестираме и достоинствено си ги браниме нашата држава, јазикот, химната и знамето, како аманет од нашите претци. Нашите кор