ДЈЕЧАК СА КАВАЛОМ! – како алузија на ефтиниот пиар за големи манипулации

ДЈЕЧАК СА КАВАЛОМ
Изгубени во муабетите за тоа колку бил јаден синот на Силјановска со кавалот во паркот, и тоа колку бил супер и во допир со природата и сиромашните – се простите, очигледни факти на ситуацијата:
1. Двете деца на Силјановска завршиле правен факултет, на кој таа предава. Ама никој не знаел чии деца се, и други приказни за мали деца. Една од главните причини зошто во Северџанистан нема владеење на правото е династиската природа на адвокатската професија, и фактот што неспособните родители ги предаваат своите clueless муштерии на своите неспособни деца, кои ги поминуваат своите факултетски (и постфакултетски денови) бивајќи диџеи, свирејќи кавал по паркови, генерално познати скупски супкултурни ликови – наместо да научат нешто. Генерално после 40-тата година ќе се зафатат со адвокатура, на општа штета и ќе адвокатуваат и досудуваат оному кој повеќе ќе плати или е поголем буџован.
2. Нудникот бил кроток и сакал да им помогне на сиромашните. Неверојатен позерај е да се глуми помош на сиромашните од страна на дипломиран правник со тоа што ќе се однесува како бездомнички партал по паркови, додека има експлоатирани шивачки, луѓе кои биваат измамени од олигархиите и монополите на дневна база.
Сакаш да им помогнеш на луѓето? Одјеби со твоите 50 денари собрани од свирење кавал – дај застапувај некој кому му треба реална помош на суд. Бори се за правда која има потенцијал да промени животи.
Да ти се плукнам на помошта што се состои од твоето „искрено сочувство“ и понекој ситен динар. Вистинска помош е потребна овде, а не позирање.
3. Малку Џордан Питерсон за вас. Ако Силјановска не успеала да произведе продуктивни граѓани дома, со кој образ бара позиција на управување на целата држава? И ве молам предвреме да одјебите со муабетот – супер е дечкото, многу е паметен, денгуби со кавал во паркот пошто тоа му е љубовта. Може тоа да му е љубовта, ама тогаш не треба никој да се лути ако го сметаме за денгуба. Баскер, бе.
Во мое време ги викавме пропалици. Без разлика дали денгубат затоа што немаат попаметна работа или затоа што „сами одбрале да денгубат“.
П.С.: Човекот може да е супер. Тоа не менува ништо од она што го напишав погоре.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.