Спортско игралиште во Капиштец ги раскара градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и советниците од СДСМ.Со 12 гласа на СДСМ „за“ и 11 „против“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ се дополни дневниот ред на денешната седница на Советот на општината, но седницата се прекина токму на точката која СДСМ ја дополни. Одлука за давање на времено користење на спортско игралиште кое се наоѓа на булеварот „Теодосиј Гологанов“ на Здружеие за организирање на натпревари во мал фудбал „Капиштец Куп“ – Скопје.
Жерновски е против донесувањето на ваква одлука и смета дека истата е штетна за граѓаните на општината, мислење кое не го делат советниците од СДСМ.
-На денешната седница на Советот на општина Центар, советниците изгласаа дополнителна точка на Дневен ред, со која се овозможува времено користење на спортското игралиште во Капиштец. Сакам да соопштам дека, доколку се изгласа таа точка, ќе го искористам моето законско право и нема да ја потпишам таа одлука, бидејќи сметам дека е штетна за жителите на Капиштец, пишува Жерновски на Фејсбук.
Имено, споменатото игралиште е направено од Владата, а на општина Центар и е дадено во време кога градоначалник беше Виолета Аларова.
Според неофицијални информации партиски член на СДСМ сака да отвори школа за фудбал, па со помош на советничката група и изгласување на ваква одлука да остваруваат профит.Со 12 гласа на СДСМ „за“ и 11 „против“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ се дополни дневниот ред на денешната седница на Советот