Кавга во СДСМ за пратеничките листи: Платеничките хулигани на Сорос кои дивееа низ главниот град кандидати за пратеници

Кавга во СДСМ за пратеничките листи. Платениците на Сорос кои дивееја и кршеа во главниот град ќе добијат места на листите на Социјалдемократскиот сојуз.Партиските членови се разочарани од Зоран Заев бидејќи според нив платениците на Сорос, не само што земаат пари преку невладини организации, туку и ќе влезат во парламентот.
Место на листите нема да има за таканаречените „бранковисти“, или пак нивното присуство на листите биде симболично и тоа поради стравот кој Заев го има од екс лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Токму поради ова (прочитајте ТУКА) неодамна била одржана средба од затворен круг на незадоволните високи членови на СДСМ кои договарале смена на Заев по изборите закажани на 11 декември бидејќи се незадоволни од тоа во каква насока оди СДСМ, која целосно потпаднала под соросовата доминација, како и од слабиот капацитет на Заев да ја води СДСМ, но и за неговото деструктивно работење со кое веќе ја преминал границата на нормалното.

Извесно е дека на партеничките листи на СДСМ ќе се најде Петар Богоевски, внук на осудениот за криминал Слободан Богоевски кој деновиве по налог на Заев има задача да шири лаги против ВМРО-ДПМНЕ.
Веројатно место на листите на СДСМ ќе има и за Мухамед Зекири, Џељо Хоџиќ, Уранија Пировска, Марјан Забрчанец и Симона Спировски.
Извор: Журнал.нетПартиските членови се разочарани од Зоран Заев бидејќи според нив платениците на Сорос, не само што земаат пари преку невладини организации, туку и

Пронајдете не на следниве мрежи: