Експертите од Кралскиот колеџ во Лондон, развија нова и безболна метода за лечење која овозможува самостојно обновување на забите, без дупчење и инјекции.Новата метода е наречена „Електрично забрзана и подобрена реминерализација“ (Electrically Accelerated and Enhanced Remineralisation – EAER) и го забрзува природното движење на калциумот и фосфат минералите во оштетениот заб.
Постапката се состои од две фази – во првата фаза се подготвуваат оштетените области на забната глеѓ, а во втората се користи мал напон на електрична струја со цел да навлезат минералите во оштетениот дел на забот.
Научниците велат дека ова би можело да биде на располагање во рок од три години.
„Не само што направата е пријатна за пациентите и подобра за забите, туку се очекува дека, во најлош можен случај, ќе биде подеднаквно економична како актуелните методи за лекување. Освен што го спречува кариесот, нашата направа може да се користи и за избелување на забите“, објаснува професорот Најџел Питс.Новата метода е наречена „Електрично забрзана и подобрена реминерализација“ (Electrically Accelerated and Enhanced Remineralisa



