Целта на ова прашање на интервјуто за работа, пред се служи за да се провери реакцијата на кандидатот во неструктурирани ситуации, на кој начин ги артикулира своите претходни искуства, колку е сигурен додека зборува за себе, како и каков впечаток би оставиле на луѓето со кои ќе дојдете во контакт во текот на работењето. Одговорот на ова прашање, на работодавецот, му дава увид за тоа што вие го сметате за важно.
За повеќето кои се во потрага по работа, ова е тешко прашање кое ви дава можност да се опишете себе си во позитивно светло, да ги истакнете своите најзначајни вештини и способности и да го фокусирате интервјуто на своите најјаки адути.
Постојат повеќе начини точно да одговорите на ова прашање и само еден кој е погрешен – со прашањето “Што сакате вие да знаете?”. Со овој одговор може да им дадете до знаење дека не сте се припремиле за овој разговор, но и претпоставка дека нема да бидете спремни ниту за работата која би требало да ја извршувате. Неопходно е добро да смислите одговор на ова прашање, да го извежбате, а кога ќе ви биде поставено да внимавате со вашиот одговор да покажете самодоверба и смиреност.
За да дадете правиот одговор на ова прашање, задржете се на она што најмногу го интересира вашиот потенцијален работодавец и потенцирајте ги своите најважни успеси.
Најголема грешка која ја прават поголемиот дел од кандидатите е претпоставката дека потенцијалниот работодавец сака да ве запознае како личност. Генералните работи од вашиот живот оставете ги за некои други разговори и сконцентрирајте се на оние ситуации кои можат да ви помогнат за работата за која сте аплицирале. Работодавецот го интересира со што и како вие можете да придонесете за организацијата, дали сте тимски играч и сл.
Доколку кажете дека вашата околина ве опишува како упорна личност, поткрепете ја таа изјава и со пример кој ќе опише како сте упорни во постигнувањето на вашите цели.Стручњаците советуваат тоа што сакате да го кажете за себе да не биде подолго од две минути. Бидете конкретни и истакнете ги најважните три работи во кратки црти. Целта е да го заинтригирате работодавецот.Доколку на ова прашање му пристапите сериозно и спремно, ќе понудите добра одговор кој ќе ви помогне да го насочите останатиот дел од интервјуто.
Извор. lady.mkЦелта на ова прашање на интервјуто за работа, пред се служи за да се провери реакцијата на кандидатот во неструктурирани ситуации, на кој начин ги