Казна

Иако резултатите во овие вечерни моменти од изборниот ден с` уште не се целосни, трендот на тесна разлика меѓу двете главни македонски партии, во полза на ВМРО-ДПМНЕ, веројатно ќе остане до крајот. Тоа е своевидна казна за двете македонски партии од гласачите до степен што дава нелогичности кои тешко се објаснуваат, како, на пример, резултатот во Прилеп, каде што Заев јавно изврши една од своите промоции за албански јазик во државата, што неминовно води кон федерализација со сите натамошни последици од тоа.Прилеп да гласа такво нешто? Чудно, нели. Но, очигледно. Така што, ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер бараше апсолутна победа за апсолутно мнозинство, ќе нема многу време за согледување на грешките, како што, од друга страна, СДСМ, чиј лидер бараше победа, ќе нема многу време за анализа за своите грешки кои не му донесоа победа над омразениот ривал зашто целата игра не заврши вчера, тука сега, по овие резултати, допрва почнува. Се разбира, останува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ победи и дека по две години од почетокот на операцијата против оваа партија, операција што личеше на планот „Барбароса“ од 22 јуни 1941 година, Груевски и натаму е првата личност во оваа држава и е првиот кому претседателот Ѓорге Иванов ќе му го довери мандатот за формирање влада. Но, со оглед на искуството што го имаме од последниве две-три години, со оглед на сите замешателства во македонските политички случувања, повеќе од очигледно е дека преговорите на Груевски за формирање нова влада нема да одат нималку лесно, па останува да видиме колку целиот процес може да биде изменаџиран во полза на македонската држава наспроти другата варијанта која подразбира формирање Швајцарија на Балканот. Со тоа што прашање е дали таа држава воопшто би успеала да го зачува атрибутот македонска.
Kако и да е, изборниот ден сега останува зад нас. За неколку месеци ќе имаме нови избори и тоа е можеби последната шанса ВМРО-ДПМНЕ да се врати на своите позиции од првите години на владеењето кога неприкосновено ја уживаше довербата на граѓаните. Во спротивно може да се очекува дека вчерашниот ден бил почеток не само на надолната линија на ВМРО-ДПМНЕ туку и на државата.
СДСМ, пак, има уште потешка задача. По десет години успеа да ја намали разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ, но лесно може да се случи еден феномен кој го доживеа Љубчо Георгиевски кога по само неколку месеци од добивањето 40-ина пратеници во 1998 година, граѓаните се покајаа или поточно кажано се уплашија од гласовите што му ги дадоа на тогашното ВМРО-ДПМНЕ. Продолжување на играта со албанските партии, продолжување на играта во чија заднина е решавање на спорот со Грција на начин кој подразбира да ја снема Македонија, може да му донесе 11-ти колапс таму некаде во мај. Зашто луѓето кои од разни причини не ја милуваат премногу ВМРО-ДПМНЕ, вчера ја ослободија енергијата што кај нив се акумулира две и повеќе години. И при сето тоа, при целата пропаганда, при сите снимки, при целиот ангажман на СЈО, при целата цензура врз медиумите и новинари кои не ~ одат во прилог на опозицијата, при сите милиони долари и евра истурени од странство за разноразни револуции и пучеви, СДСМ на крајот сепак не успеа да освои мнозинство, што на следните избори може да донесе ново изненадување за оваа партија. Ех, да, и уште нешто. Заев најави дека доколку загуби на овие избори, ќе се повлече од политиката. А вчерашното гласање заврши со пораз за СДСМ, нели?
Пишува: Дарко Јаневски за ДневникПрилеп да гласа такво нешто? Чудно, нели. Но, очигледно. Така што, ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер бараше апсолутна победа за апсолутно мнозинство, ќе нема м

Пронајдете не на следниве мрежи: