Ќе побара ли Катица Јанева отстранување на обвинителката Лиле Стефанова од нејзиниот тим? – ова прашање се поставува во јавноста откако Специјалното обвинителство го презеде случајот Шпион а ЗНМ се крена на протест против случајот кој се води за Зоран Божиновски, пишува порталот Press24.Шпион и предметот против Божиновски се случаи кои ги покрена и застапуваше токму обвинителката Лиле Стефанова кога таа беше дел од обвинителството за организиран криминал.
За сега нема одговор на прашањата кои беа поставени до Стефанова.
1. Како обвинителката ги толкува последните прозивки за непрофесионално водење на случајот Шпион и случајот на Зоран Божиновски?
2. Дали Стефанова чувствува лична одговорност или смета дека целиот предмет е професионално изработен од страна на обвинителството?
Во времето на изготвувањето на обвинителмниот акт за случајот Шпион , адвокатите имаа сериозни забелешки на содржината. Обвинителката Стефанова тогаш тврдеше дека обвинителството настапува целосно во согласност со законот и има обезбедено цврсти докази со кои ќе го поткрепи обвинението.
„Барам од судот сите обвинети, секој за што е обвинет, да ги осуди согласно законот“, истакна на 04. 07.2014 застапникот на обвинението Лиле Стефанова.
Во предметот кој тогаш беше отворен обвинет беше и новинарот Зоран Божиновски. Судот ја издвои постапката за него бидејќи не беше достапен за органите на прогонот.
Божиновски за време на својот престој во Нови Сад во континуитет јавно ја напаѓаше Стефанова тврдејќи дека непрофесионално и политички го водела случајот. Во истиот предмет Стефанова го гонеше и екс-разузнавачот Александар Диневски.
„Обвинителката меѓу другото посочи дека во компјутерот на поранешниот контраразузнавач Александар Диневски била пронајдена електронска порака испратена до новинарот Зоран Божиновски, кој е исто така обвинет, во која Диневски јасно кажува дека заедно со Стојков и Ефремов се договориле за создавање паралелна разузнавачка служба. Исто така, бил пронајден и документ, кој бил испратен до лице означено со шифра, а во кој тој објаснува дека за потребите на странските разузнавачки служби ја шпионирале Македонија“, објавија тогаш медиумите кои го следеа судскиот процес.
Сега истиот Александар Диневски преку социјлните мрежи искажува задоволство што Специјалното јавно обвинителство каде работи Стефанова го преземало случајот Шпион.
Сето ова ја отвора дилемата дали Катица Јанева со политичкото преземање на случајот Шпион се подготвува да ја жртвува обвинителката Лиле Стефанова, пишуваат порталите.Шпион и предметот против Божиновски се случаи кои ги покрена и застапуваше токму обвинителк
Пронајдете не на следниве мрежи: