ЌЕ ГИ ОБОЖАВАТЕ: Пица мафини!

Сите сакаме пица во различни облици, но овој пат тоа е во облик на мафини…Брзо вкусно и меко, се послужува за момент!Состојки:
3 јајца
200 мл јогурт
100 мл масло
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
50 гр рендано тврдо сирење
50 гр сецкана сланина
50 гр сецкана шунка
по желба оригано
220 гр остро брашно.
По ред додавајте ги сите состојки, можете да матите со миксер за да добиете хомогена смеса. Претурете ја смесата во калапи за мафини и печете на 200 степени од 15 до 20 минути.
Послужување:
Служете по желба со јогурт или како дел од предјадење или на детски родендени. Може дури да ги искористите како ужина за вашите деца, ќе ги обожаваат.
Добар апетит.
Најдобри рецепти, кулинарски совети, трикови и диети, можете да пронајдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МКСостојки:
3 јајца
200 мл јогурт
100 мл масло
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
50 г

Пронајдете не на следниве мрежи: