Ќе има ли нов крај на светот наскоро?

Според новите истражувања на НАСА се покажа дека Сонцето ги менува своите полови, односно северниот ќе стане јужен и обратно. Со менувањето на половите на Сонцето се случуваат и значителни промени на земјата, а многумина се плашат од негативности како и можност за нов крај на светот. Како што опишуваат експертите, вселенското време ќе стане малку потурбулентно. 
Ваквата појава се случува на секои 11 години на врвот на циклусот сончеви активности. Таа не предизвикува зголемување на бројот или јачината на сончевите зраци, коронарни исфрлувања на маса или бури.
Има дел од експертите кои што сметаат дека ваквата појава ќе предизвика благи и воглавно поволни последици, додека за други истата може да негативно влијае на климата и да го зголеми интезитетот на опасни вселенски зраци. 
Смената на сончевите полови ќе ја зголеми деформацијата на таканаречената струјна површина која се протега од сончевиот екватор кон надвор во вселената, што ќе има благотворно влијание. Оваа струјна површина се создава со индукција на струја, создадена од ротацијата на сончевото магнетно поле. Вака деформираната струјна површина ќе биде уште подобар штит од високо енергетските честички на вселенски зраци кои настануваат при експлозијата на ѕбезди, а патуваат со брзина приближна на брзината на светлоста. Галактичките вселенски зраци инаку можат да предизвикаат штета на сателитите и да наштетат на здравјето на астронаутите во орбитата.
Опаѓањето на нивото на вселенски зраци ќе има благо влијание на климата на земјата, но и тоа ќе биде позитивно.Со менувањето на половите на Сонцето се случуваат и значителни промени на земјата, а многумина се плашат од негативности како и можност за нов крај

Пронајдете не на следниве мрежи: