Запечени макарони со мелено месо и шампињони!Потребни состојки:
1 пакетче макарони
500 гр мелено месо
400 гр шампињони
1 главица кромид
сол, бибер, вегета и малку зејтин
1 тегла (900гр) шпагети сос
200гр рендано сирење или кашкавал
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200С. Тестенината сварете ја во солена вода, прецедете и прелијте ја со ладна вода да не се лепи.
Додека тестенината се вари подгответе го сосот.
Шампињоните исечкајте ги на тенки листови и додадете го месото. Динстајте на тивок оган додека шампињоните не омекнат.
Кога се ќе биде готово додадете го шпагети сосот (сос од домати). Нека проврие па додадете ги макароните. Се фино измешајте па префрлете во тавче кое претходно сте го намачкале со путер.
Одозгора нарендајте сирење или кашкавал и ставете во рерна. Печете додека сирењето не се стопи и не почне да добива боја.
Добар апетит.
Најдобри рецепти, кулинарски трикови, совети за здравје, диети и здрави напитоци, можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МКПотребни состојки:
1 пакетче макарони
500 гр мелено месо
400 гр шампињони
1 главица кромид