Ќе му се одземе пасошот на Субрата Рој?

Регулаторот СЕБИ од Индија бара од Врховниот суд да му го одземе пасошот на милијардерот Субрата Рој.Сахара Груп, вчера се обрати пред Врховниот суд во Индија велејќи дека нивните шеф Субрата Рој не е одговорен за рефундирање на трите милијарди долари долг кон инвеститорите, спротиставувајќи се на аргументите на регулаторот СЕБИ кој бараше неговиот пасош да биде привремено одземен, пренесува „Тајмс оф Индија“.
„Не тврдам дека тој не е главен во Сахара Груп, но тоа не значи дека е и одговорен“, изјави неговиот адвокат пред судот.
Регулаторот, пак, изјави дека сите пари кои се собрани од инвеститорите преку компанијата Сахара Индија Реал Естат биле префрлени во фирмите сестри на Сахара Груп и дека Рој е одговорен.
„Рој постојано бараше средби со претседатело на СЕБИ и комуницираше со СЕБИ по ова прашање многу пати. Тој не може сега да вели дека нема никаква врска со компаниите“, изјави адвокатот на СЕБИ.
„Директорите и промоторите на компаниите треба да добијат максимална казна затвор. Тие не треба да бидат сослушани се додека трите милијарди долари долг не бидат депонирани во СЕБИ. Треба да се овозможи тие да бидат присутни во судот и нивните пасоши привремено да бидам одземени од страна на судот“, додаде адвокатот.
Минатиот август судот и наложи на Сахара Груп да им ги врати парите на измамените инвеститори со 15 проценти камата. За тоа добија рок од три месеци. Сахара Груп врати само една петтина од долгот, а Сахара Груп должи уште три милијарди. Потоа СЕБИ побара од судот замрзнување на имотот на Субрата Рој и директорите од Сахара Груп, како и сметките на фирмата. Тој должи три милијарди долари.
Во меѓувреме, додека трае судската драма и се бара одемање на пасошот на Субрата за да се обезбеди негово присуство на суд, синовите на индискиот тајкун добија државјанство во Македонија по итна постапка во Владата како заслужни граѓани.
Субрата Рој е познат за македонскиот народ по најавата дека планира да инвестира на големо во Македонија. Тој  заедно со целиот државен врв ја разгледуваше Македонија, а најмногу беше заинтересиран за Охрид, за кој изјави дека сака да го направи Дубаи на Балканот. Сахара Груп, вчера се обрати пред Врховниот суд во Индија велејќи дека нивните шеф Субрата Рој не е одговорен за рефундирање на трите милијарди дол

Пронајдете не на следниве мрежи: