Деветнаесет годишниот скопјанец кој 10 дена помина зад решетки во истражниот затвор, осомничен дека на 3 јануари до смрт избоде врсник од денеска е дома, пренесува Алфа ТВ.Одлуката за негов притвор беше повлечена откако истрага на СВР Скопје и основното обвинителство, ја помати признание на двајца скопјани дека го извршиле злосторството.
Семејството на тинејџерот на кого до вчера на товар му беше ставено убиството, не сакаше да говори за голготата низ која поминале изминатите денови.
Ако 10 дена нивниот син бил во притвор без вина, не е ни чудно што се чувствуваат несигурни и незаштитени, па во телефонски разговор не замолија да не ги вознемируваме. За утката во истрагата молчат сите од кои Алфа денеска побара став.
Од канцеларијата на народниот правобранител не кажаа, дали предмет на интерес ќе биде овој случај, правобранителот нашите прашања ги доби, но одговор од него не стигна.
Нема одговор ниту од обвинителството, за нив истрагата е во тек и било потребно повеќе време оти случајот бил многу комплексен.
Молчат и од МВР, решението на новиот министер Оливер Спасовски, за професионалец на началничката позиција во СВР Скопје да биде Лазе Велковски, се сопна токму на истрагата за убиство на тинејџер и еден повреден малолетник.
Аматеризмот во истрагата сега остава да лебди прашањето, дали и овој пат вистинските виновници се зад решетки.
Одлуката за притвор и кривична пријава за двајцата скопјани кои сами и се предадоа на полицијата е донесена врз основ на препознавање, исто како и првиот пат, кога после 10 дена истрагата утврди дека зад решетки држеле невин човек.Одлуката за негов притвор беше повлечена откако истрага на СВР Скопје и основното обвинителство, ја помати признание на двајца скопјани дека го изв