Доколку вашата дама сака кога имате брада, имаме лоши вести за вас- таа прекрасна брада на вашето лице не е ништо повеќе од голема колонија на бактерии.Оваа теорија прв пат ја тестирал воениот микропбиолог Мануел Берберито во 1960-та година.
Тој забележал дека бацилите лесно се шират по пат на лабораториските капути и обувки, и сакал да види дали брадите можат да бидат сериозен домаќин на бактерии.
За да ја тестиора својата хипотеза , тој од работниците во лабораторијата побарал да пушат густа брада, и подоцна ги попрскал со безопасни бактерии.
Бедрберито открил дека кога луѓето дури и редовно ја одржуваат хигиената и ја мијат брадата, бактериите неверојатно добро се држат за неа и продолжуваат да се шират.
Од тогаш ова го потврдиле и други студии.
Но, денес научниците не се сложуваат со потенцијалната штета која овие бактерии во брадата можат да ја предизвикаат.
Некои научници, како што е Керол Вокер, ја поддржуваат идејата дека личностите со брада, или оние кои се во контакт со нив, се во поголем ризик од зараза од бактериски вируси или инфекции.
„Влакната околу ноздрвите и устата се добро поставени да ги чуваат бактериите. Доколку некој е настинат или му тече носот, тие можат да завршат во брадата, а истото важи и за храната и за пијалокот“, тврди таа.
Ова тогаш би довело до создавање на бактерии кои можат да бидат префрлени на други преку бакнеж или близок контакт.
Од друга страна, професорот Ентони Хилтон, смета дека, иако брадите можат да пренесат бактерии, постојат многу малку докази дека тие се сериозни.
„Не е необично да се пронајдат и до 20.000 различни бактерии на кожата, а тоа не е опасно. Се работи за бактерии кои не се проблематични и не претставуваат ризик“, смета тој.
Во секој случај, во брадата се наоѓаат илјадници микробиолошки бактерии, па добро размислете што ќе правите кога следниот пат ќе се погледнете во огледало.Оваа теорија прв пат ја тестирал воениот микропбиолог Мануел Берберито во 1960-та година.
Тој забележал дека бацилите лесно се шират по пат



