Недостигот на путер во Европа, станува се поголем и поголем проблем, делумно поради големиот пораст на цената на таа храна, а делумно и поради тоа што со себе повлекува и зголемување на цените и на некои други производи.
Големиот пад на производството на млеко во Европа се одрази во недостигот на путер, а тоа особено се почувствува во Франција каде што тој се користи во големи количини за производство на пекарски производи.
Некои продавници во Франција поради овој проблем, мораа на своите излози да стават известување со кое ги информираат потрошувачите дека повеќе не продаваат одредени пекарски производи поради недостиг на путер.
Во Франција оваа година цената на путерот се зголеми дури за 60 отсто, покажуваат официјалните податоци, а тоа уште повеќе ќе се почувствува во пред Божик кога би можело да дојде до недостиг на колачи и други производи.
Големопродажната цена е зголемена за 200 проценти за една година. А до кризата дојде поради руското ембарго од пред неколку години, по што следеше укинување на млечните квоти, па така млеко имаше на сите страни. Многу фармери пропаднаа, а потоа и Кинезите ги искупија залихите. Француската влада се обидува да ја смири напнатоста и уверува дека нема недостиг, туку се работи за прилагодување на пазарот. Големиот пад на производството на млеко во Европа се одрази во недостигот на путер, а тоа особено се почувствува во Франција каде што тој се