Ќе признаете ли конечно дека мајка ви беше во право?

Колку пати вашите мајки ви кажувале да правите одредени работи, а некои и да не ги правите? Колку пати таа била во право апсолутно за сé што ви кажала? И, колку само пати сте си признале на себе си дека таа била во право, но упорно не и го допуштате тоа задоволство и да и кажете некој ден: „Да, мамо ти беше во право за сé.“ И, веројатно ќе молчиме за ова се додека не дојде моментот кога и ние истото ќе им го правиме на нашите деца.

Сето ова може да се однесува на многу аспекти од животот како што се врските, пријателствата и животот воопшто. Но, сега ќе зборуваме за убавината и вашата нега т.е. за советите кои не сте сакале да ги прифатите од вашите мајки.
-Брза храна
Сигурно вашите мајки на многу наврати ви повторувале како брзата храна е штетна за вашиот изглед и за вашата кожа. И, не биле далеку од вистината. Јадејќи ваква храна, нема всушност да ја оштетите вашата кожа, туку ќе ви се појават се повеќе акни и мозолчиња.
-Повторување на една иста експресија на лицето
Колку пати само вашата мајка ви кажала „Не ја прави таа гримаса, ќе ти остане така“. И, имала право. Ова, секако не е точно во буквална смисла, но сепак навиката да правите одреден израз на лицето може да предизвика промена на вашата кожа, како што се на пример предвремени брчки.

-Чувај ја косата подалеку од лицето
Вашата коса испушта природна масленост која може на долг рок да и штети на вашата коса. И не е само тоа во прашање. Сите оние производи кои ги ставате на вашата коса може сериозно да ја оштетат кожата на вашето лице.

-Не ги гризај ноктите
Гризењето на ноктите не придонесува само за нивниот ужасен изглед, туку и нивно заслабнување и таложење на бактерии кои несвесно ги внесуваме во нашиот организам. Ноктите стануваат се покршливи, помеки и се изложуваат на се повеќе бактерии.
-Остави го телефонот настрана
Веројатно вашата мајка со ова не мислела да ја спаси вашата кожа, но дефинитивно честото зборување на телефон не е добро за вашето лице. Зрачењето, како и топлината која ја создава овој уред се одлични предуслови за развивање на бактерии.
-Повеќе зеленчук и овошје
Сите знаеме дека со внесувањето на здрава храна во нашата секојдневна исхрана ќе го подобриме нашиот изглед, но дали знаете дека јадењето на овошје и зеленчук кои содржат повисок степен на антиоксиданти се одлични во борбата против брчките. За оваа намена најдобри се доматите, а пастата од домати е одлична во борбата против стареењето на кожата. 
М.М.Колку пати таа била во право апсолутно за сé што ви кажала? И, колку само пати сте си признале на себе си дека таа била во право, но упорно

Пронајдете не на следниве мрежи: