Ќе пукне ли тиквата меѓу САД и ЕУ поради прислушкувањето?

Европската Унија изгледа доста загрижено откако во јавноста излезе вест дека САД ги прислушкувата и канцелариите на ЕУ. 
Во последната серија во откривање на докази за наводната американска програма за шпионирање наречена „Призма“, е откриено дека постојат големи можности САД да ја прислушкувала ЕУ. На ова итно реагирал претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц и побара итна истрага и објаснување. 
Шпигел го цитира извештајот на Националната безбедносна агенција (НСА) од септември 2010 година, под ознака „строго доверливо“, до кој дошол Едвард Сноуден, а во кој германскиот весник имал увид.
Во документот се опишува како американската служба ги озвучила просториите на ЕУ во Вашингтон, како и во Обединетите Нации, и не само што слушале живи и телефонски разговори, туку имале пристап и до документи и електронска пошта.
Покрај тоа, на листата на прислушкувани згради се наоѓа и седиштето на Европскиот совет во Брисел, објави германскиот весник. Најверојатно, Европската Унија во документот е пишувана под псевдонимот „мета“. 
„Ако се точни овие тврдења, тоа е сериозно прашање, кое ќе има многу сериозни последици врз односите меѓу САД и ЕУ“, истакнал Шулц во соопштението.
„Од името на Европскиот парламент, барам целосно разјаснување и истрага на новите информации, кои САД би требало да ги дадат по ова прашање“, заклучил Шулц.Европската Унија изгледа доста загрижено откако во јавноста излезе вест дека САД ги прислушкувата и канцелариите на ЕУ

Пронајдете не на следниве мрежи: