Техничката министерка Фросина Ременски се уште и нема одговорено на јавноста за случајот со противзаконско назначување на директор на Јавна установа Завод за рехабилитација на деца и младинци од Топанско поле-Скопје.Имено, во таа институција Ременски спротивно на законските одредби за в.д директор го поставила Љупчо Кец Мицковски, лице кое не ги исполнува законските услови за да биде директор.
Тој е добро познат партиски активист од СДСМ од општина Сопиште, поранешен советник во општина Сопиште , градоначалник на Општина Сопиште во периодот од 2005-2009. Во 2013 повторно бил кандидат на СДСМ за градоначалник. Но, познат е и по скандалите кои ги има правено во јавноста.
Во 2008 година, Љупчо Мицковски-Кец како градоначалник на пштина Сопиште под дејство на алкохол, со службеното возило на општината, со намера се упатил и директно удрил во група активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои во тој момент поставувале рекламен материјал, тврдеа тогаш од владејачката партија. При овој инцидент, како што беше речено, тешко повредил едно лице кое е задржано на лекување во градската болница во Скопје.
Ова назначување дојде после незаконското разрешување на директори во Центрите за социјална работа и јавните установи, а за кое техничката министерка се соочува со неколку тужби за незаконско работење до надлежниот суд.
Согласно член 25 од Статутот на јавната установата за директор на Установата може да биде избрано лице кое покрај општите услови предвидени со Закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:
-да има високо образование, VII-1 степен стручна подготовка од следните образовни профили: Дипл дефектолог, Дипл. педагог, Дип. психолог, Дипл. социјален работник или Дипл.правник.
Спротивно на Законот и Статутот на јавната установата и спротивно на условите за избор на директор, Ременски го назначува Мицковски за в.д директор кој има несоодветно образование-дипломиран инжинер агроном.
Во врска со овие случувања побаравме изјава од дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој изјави дека ова е класично прекршување на законот.
– И покрај тоа што техничката министерка за труд и социјална политика Ременски се уште не и даде одговор на јавноста и го премолчи случајот треба да сноси одговорност бидејќи со назначувањето на Мицковски за в.д директор на Заводот за рехабилитација извршила злоупотреба на службената положба и овластување и истото претставува несовесно работење согласно Кривичниот Закон бидејќи е кристално јасно дека лицето не ги исполнува условите за да биде директор на оваа институција, вели Спасов.Имено, во таа институција Ременски спротивно на законските одредби за в.д директор го поставила Љупчо Кец Мицковски, лице кое не ги исполнува