Натпреварот Македонија-Албанија, кој синоќа поради лошите временски услови беше прекинат во 76. минута, сепак ќе се доигра, велат последните информации од Албанија.Последните петнаесетина минути од мечот, кој вечерва беше прекинат на резултат 1:1, ќе се се играат денес на пладне (12 часот) на истото место, стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар, информираа од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Останува непознато што ќе се случи доколку дождот продолжи да паѓа и теренот остане поплавен. Според правилата на ФИФА, последните 15 минути од мечот треба да се доиграат во рок од 48 часа, а доколку нема услови Скадар, мечот бил можел да се доигра во радиус од 100 км.
Судијата Хусеин Гочек од Турција реши да го прекине мечот поради големото невреме проследено со обилен дожд и со силен ветер.Последните петнаесетина минути од мечот, кој вечерва беше прекинат на резултат 1:1, ќе се се играат денес на пладне (12 часот) на истото место