Ќе се гради нов екпресен пат од Битола до граничниот премин Меџитлија, најави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета во Битола и Новаци.Според Мисајловски планирана е изградба на експресен пат со четири ленти од Битола до граничниот премин Меџитлија. Ова ќе биде нов експресен пат чии проект ќе започне да се прави од следната година.
-Денеска сум во Битола и Новаци каде извшив увид во неколку капитани проекти што ги реализира министерството за транспорт и врски и се сретнав со дел од граѓаните.Она што е сакам да потенцирам е тоа што во Битола од следната година започнуваме со изградба на експресен пат од Битола до граничниот премин Меџитлија со четири ленти. Од следната година ќе започнеме со проектирање а инвестицијата се планира на околу 10 милиони евра, но точната вредност ќе ја знаеме по изработкта на проектот, Исто така преку ЈП за државни патишта планираме да извршиме и реконструкција на влезовите во градот и тоа од двете страни и од страната на Ресен и од страната на Прилеп, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Тој најави дека продолжува реконструкцијата на регионланиот пат од Битола до Буково и ќе заврши за два до три месеци, исто така ќе се реконструираат и десетина локални патишта во општина Битола.
Министерот потенцираше дека во завршна фаза е и реконструкцијата на железничката станица во Битола, инвестиција која се реализира во соработка со ЕУ и најави дека ќе продолжи изградбата на пругата од Битола до Кременица која понатаму останува приоритет.
Инаку, министерот Мисајловски денека со директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов извршија увид во реконструкција на дел од патот од Битола кон Новаци, пат која беше унмиштен од поплавите. СПоред Стојанов, патот ќе биде готов за десетина дена, а инвестицјата е околѕу 25 милиони денари.Според Мисајловски планирана е изградба на експресен пат со четири ленти од Битола до граничниот премин Меџитлија. Ова ќе биде нов експресен пат чи