Агенцијата за млади и спорт денеска објави Повик за избор на изведувач за изградба на отворен пливачки базен (комбиниран пливачки, ватерполо базен и базен за скокови во вода) во Општина Шуто Оризари.Согласно проектот, кој Агенцијата ќе го реализира по добивање на соодветната градежно-техничка документација, базенот ќе биде со олимписки димензии 50 метри на 25 метри и со максимална длабочина до 3,5 метри, каде ќе може да се одржуваат и меѓународни натпревари според правилата и критериумите на меѓународната пливачка федерација ФИНА.
Базенот ќе биде со две корита: едно големо базенско корито со максимала длабочина до 3,5 метри и едно мало базенско корито со длабочина до 1,2 метри кое ќе биде наменето за најмладите корисници и обука на непливачи. Исто така, ќе биде изградена и скокалница за синхрони скокови. Ќе има поставен семафор со тајмер за следење на натпреварите.
– Отворениот базен се гради, пред се, заради задоволување на потребите на граѓаните на Шуто Оризари, потребите за изведување училишна настава и тренинг на пливачкичките школи како и за рекреативно спортување, соопшти Агенцијата за млади и спорт.
Покрај базенскиот простор ќе се изгради и платформа за сончање која ќе се користи и како гледалиште за посетителите. Базенскиот простор ќе биде достапен и за лицата со посебни потреби и ќе има пет влеза за посетителите.
– Пливачкиот спорт во Македонија е еден од најтрофејните спортови и секако е спорт кој ни дал голем број на олимписки спортисти. Агенцијата за млади и спорт со последните потфати очекува да го врати пливањето на старите патеки и поради тоа со засилено темпо и посветеност вложува во развојот на спортско-пливачката инфраструктура, стои во соопштението на Агенцијата за млади и спорт.Согласно проектот, кој Агенцијата ќе го реализира по добивање на соодветната градежно-техничка документација, базенот ќе биде со олимписки димензии