Потпишан е договорот за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани, објави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета на Штип. Патот ќе биде со должина од 28 километри, ќе има четири ленти, инвестицијата е вредна 20 милиони евра. Патот ќе го градат домашните компании Гранит и Бетон.-Денеска особено ми е драго што можам да објавам дека потпишан е договорот за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани. Со овој проект го продолжуваме инвестициски циклус во изградба на експресните патишта во Република Македонија. Ова е трет експресен пат што ќе започнеме да се гради во Република Македонија. Вкупната должина изнесува 28 километри, а инвестицијата е 20 милиони евра, изјави Мисајловски.
-Изградбата на експресниот пат ќе се одвива во две фази, овој договор е само за првата фаза од Штип до Крупиште. Патот ќе биде со четири ленти и широчиина од 12 метри. Проектирана брзина ќе биде до 100 км на час. За втората фаза од Крупиште до Кочани се очекува следната година да се објави тендерот, најави директорот на јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов.
Изградбата на експресниот пат од Штип до Кочани ќе биде од огромно значење за поврзување со Истокот на Република Македонија, потенцира министерот Мисајловски.
Тој изјави дека во тој регион во тек е изградбата на автопатот од Скопје до Штип, покрај овој експресен пат се гради уште и екпресниот пат од Велес до Штип, а во тек е евалуација на понудите за изградба на експресените патишта од Штип до Радовиш и од Ранковце до Крива Паланка.
За следната година се очекува да се распише и тендерот за изградба на ескпресниот пат од Охрид до Пештани.-Денеска особено ми е драго што можам да објавам дека потпишан е договорот за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани. Со овој проект го прод