Општина Велес ќе инвестира 2 милиони денари во изградба на водоснабдителен систем за Индустриска зона Речани два кај Велес со прстенесто поврзување со водоснабдителсниот систем на езеро „Младост“.
Како што појасни на денешната прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев, се работи за потег или нова водоводна линија која има вкупна должина од 1,3 километри.
– Со новоизградената водоводна линија која оди се до крстосницата во близина на Башино Село, се воспостави кружен тек на водоснабдување и се создадоа услови за приклучување поголем дел од жителите на населба Речани и објектите во индустриските зони Речани еден и Речани два кон градскиот водоснабдителен систем на Велес, рече Чадиев.
Тој појасни дека новата водоводна линија е од полиетиленски цевки со профил од 225 милиметри. На овој потег изведени се четири разделни шахти за да може во иднина да се приклучат други секундарни линии. За правилно функционирање на цевководот поставени се два испуста и еден воздушен вентил.
– Со реализацијата на овој проект конечно се става крај на проблемот со водоснабдувањето за објектите во овој дел на градот. Тие во идина ќе можат да користат чиста вода за пиење. Воедно сакам да апелирам и да ги повикам сопствениците на станбени или индустриски објекти од тој дел на градот да поднесат барање за приклучок во ЈКП „Дервен“. Врз основа на тоа барање надлежните од јавното претпријатие ќе го извршат приклучувањето на нивните објекти и со тоа ќе добијат чиста и исправна вода за пиење,појасни Чадиев.Како што појасни на денешната прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев, се работи за потег или