Ќе се одбележи Светскиот ден на културната разновидност во организација на студентите од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ Охрид

На 21 мај во Охрид со почеток во 12.00 часот на градскиот плоштад ќе се одржи Програма за одбележување на Светскиот ден на културната разновидност.Во рамките на програмата странските студентите од Универзитетот ќе ги претстават културите на своите земји. Програмата вклучува претставување на десетина земји од Азија, Африка и Европа, преку претставување на национални носии, национални кујни и изведување на традиционални песни и танци. Присутните ќе имаат можност да ги вкусат националните јадења и да се фотографираат со студентите облечени во нивните традиционални национални носии.  
Имајќи предвид дека на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ работат и студираат професори и студенти од 40-тина држави, истиот претставува уникатна високообразовна установа со истакнат мултикултурен профил.
Со надеж дека вие и вашиот медиум ќе пројавите интерес за известување од настанот, ви го испраќам овој допис како навремена најава за неговото одржување. Дополнителни информации во врска со настанот можете да најдете на официјалната Facebook страна на настанот  www.facebook.com/UIST-Culture-Day-212568062438317
Манифестација за одбележување на Светскиот ден на културната разновидност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ годинава се организира по четврти пат.Доколку имате било какви дополнителни прашања ви стојам на располагање.
Во прилог ви го испраќам логото на настанот и колажна фотографија од минатогодишното издание  на манифестација за одбележување на Светскиот ден на културната разновидност.  Во рамките на програмата странските студентите од Универзитетот ќе ги претстават културите на своите земји. Програмата вклучува претставување на де

Пронајдете не на следниве мрежи: