Министерот за финансии, Зоран Ставрески, на денешната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и градоначалниците, посветена на проектот „Купи куќа за млади до 35 години“, подвлече дека ова е одличен проект кој кај граѓаните побудил особен интерес, со оглед на тоа што се решава едно од најзначајните прашања, за младите.Проектот е извонредно добро дизајниран бидејќи овозможува флексибилност во насока на помош, било во делот на плаќање на ратата или во стекнување на средства за добивање на кредит.
-Дизајниран е на база на контакти со младите луѓе и од тој аспект нема сомнеж дека одговара на нивните потреби, подвлече Ставрески.
Инаку во Министерството за финансии има отворено канцеларија каде што граѓаните можат да се информираат за околностите и условите за аплицирање за проектот „Купи куќа за млади до 35 години. Но и организиран е караван кој ќе ги посетува општините за да можат граѓаните да се запознаат подетално со овој проект.
-За да не се остане само на караванот и на едно дневно присуство во градовите, разговаравме со директорот на УИПР и УЈП за во сите градови каде што има подрачни единици на УИПР и УЈП да се отвори постојана канцеларија, каде што вработени од институциите ќе им даваат информации на граѓаните, подвлече Ставрески.Проектот е извонредно добро дизајниран бидејќи овозможува флексибилност во насока на помош, било во делот на плаќање на ратата или во стекнување на